Со соодветна механизација, по налог на Локалната самоуправа, денеска екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ го уредуваат просторот кај поранешната зграда на МРТВ.
Просторот кој веќе со години е запуштен со искршени прозорци, изгравирани ѕидови и пропадната фасада, претставува собиралиште на скитници и зависници на дрога, а жителите години наназад апелираат да се интервенира и да се уреди просторот конечно ќе го добие својот урбан изглед.
Според предвиденото , денеска се сечат гранките на дрвјата и се чисти депонијата која со години се шири.
Од понеделник екипи на Ј.П. „Нискоградба“ ќе поставуваат столбчиња со кои ќе се одбележи паркот кој хортикултурно ќе го уредува работната единица „Паркови и зеленило“ при Ј.П. „Охридски Комуналец“.
Просторот, дополнително ќе биде и осветлен, односно ќе се врши замена на светилките и интервенција на инсталациите на столбовите за улично осветлување.
Локалната самоуправа континуирано ќе продолжи со активностите кои се однесуваат на комуналната уреденост, изградбата и реконструкција на инфраструктурни објекти, јавната хигиена, водоснабдувањето, заштитата на животната средина се додека Охрид не го добие приматот на град уреден според светски стандарди.