Согласно Наставната програма за Основна обука за полицаец донесена од Министерот за внатрешни работи, во периодот од 23.09. до 02.10. на терените во и околу Центарот за обука беа реализирани предвидените наставни теми и содржини со 320 кандидати за полицаец од курсот за основна обука за полицаец, со особен акцент на темите од суштинската активност – Гранична надзор.
Целта на логорувањето како симулација на автентична професионална средина беше слушателите, низ серија програмирани ситуации коишто приближно ги доловуваат реалните локации, настани и активности, да се стекнат со знаења и вештини коишто ќе ги увежбаат и зацврснат стекнатите компетенциии и ќе ги подготви за поуспешно справување со идните реални ситуации на работните места.
Врз основа на претходно изготвениот наставен план на терените во Центарот за обука првично се воспостави и организира логорот со служби и обезбедување, но и се обработи наставната тема картографија со топографија. Потоа на стрелиштето во Центарот за обука беше спроведено гаѓање со Автоматска пушка М70 калибар 7,62 мм како и гаѓање со Пиштол ЦЗ 99 кал 9 мм. Слушателите беа транспортирани до месноста Чојлија, кај с. Петровец каде ги увежбуваа оперативно – тактичките мерки и активности како што се заседа, рација, блокада, потраги. Исто така беше спроведен марш од селото Катланово до езерото с. Брезница (велешко) и назад пришто беше увежбуван правилниот начин на движење и совладување на отворен простор. Во Центарот за обука беа совладувани и темите како што се справувањето со повреда на државна граница, беше презентирана техничката опрема за надзор на границата како и обезбедување на лице место на задес или незгода.
Полициско-теренската обука беше успешно реализирана од страна на советниците – обучувачи од Центарот за обука и припадници на ЕСЗ и ЕБР.