Од удар на гром во Индија загинаа 32 лица

Од удари на гром изминатиот викенд во Индија во источните држави Бихар и Јаркланд загинаа најмалку 32 лица, меѓу кои и девет деца.

Во саботата и неделата тие две држави беа зафатени од поројни дождови, проследени со силен ветар.

Иако во сезоната на монсуните од јуни до октомври ударите на громови се чести, сепак билансот на жртви за овие два денови е невообичаено висок.

Најзагрозени се луѓето кои живеат во колиби од бамбус и трева, кои претпреа големи штети.