Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија, 11 Октомври 2013 година (петок), Денот на народното востание, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита Денот на народното востание на граѓаните на Република Македонија.