Во сабота – акција за кабаст ​отпад „Воска“ и „Даљ​ан“

Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 12.10.2013 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.)  од населбите „Воска“ и „Даљан“.

Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10:00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација“ на телефонот 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П. „Охридски Комуналец“ благовремено да го подигнат.