Во периодот од 10.10 до 12.10.2013 година во времето од 18:00 до 11:00 часот во Струга, на ул. „Боро Калајџиески“, во просториите на УЈП и УИПР лоцирани во барака 1 и 2, засега непознат сторител извршил тешка кражба, при што одзел ЛЦД монитор и две куќишта од компјутер, со што причинил материјална штета од околу 18.000 денари. Тешката кражба сторителот ја извршил на тој начин што со подесен предмет го скршил стаклото од прозорот на бараката, влегол внатре и од канцелариите ги одзел горенаведените предмети, по што го напуштил лице местото. ПС-Струга презема мерки за пронаоѓање на сторителот.