Во ТЛЕР се одржа работилница во насока на подготовка на стратегија за рурален развој

Денеска во Секторот за Туризам и Локален Економски Развој се одржа една од неколкуте работилници со цел сите чинители и инволвирани во руралниот развој со заедничко дефинирање на суштинските проблеми и приоритетни работи да помогнат во подготовката на финален документ – стратегија за рурален развој на Охрид за 2014- 2018 година.

Од ТЛЕР велат дека ваква стратегија е повеќе од неопходна, бидејќи до сега не била донесена во Општина Охрид, а е многу битна како документ на кој што понатака ќе се повикуваат, Градоначалникот Никола Бакрачески, Советот и општинската администрација при реализирање на годинешните развојни програми. Стратегијата е битна и за подготовката на проектите со кои ќе се аплицира до Агенцијата за поддршка на руралниот развој и до други европски фондови.

Пред присутните на денешната работилница, жители од охридските села, претставници на месните заедници, стопанственици и претставници од јавните претпријатија, беше претставен и текот на процесот на донесување на стратегијата, а беше разработена и смотра на визита со цел да се укаже на најприоритетните, најгорливите проблеми пред се состојбите во руралните области, развојните можности и потенцијали.

За поголема ефикасност територијата која ја опфаќаат руралните заедници во Охрид е поделена на три области:села кои се во подножјето на планината Галичица од Рамне до Љубаништа, другата ја опфаќа територијата со населените села Велгошти, Лескоец, Горно и Долно Лакочереј и третата област е нај пасивната и нај планинската во која влегуваат селата Плаќе, Свиништа Речица , Завој и Куратица.

tlerrabotilnica4852