Eлшанци избраа нов Совет на Месна Заедница

Синоќа, пред 55 присутни полнолетни жители на село Елшани, во просториите на ОУ „Свети Наум Охридски“ во Елшани се одржа изборно собрание од кое се предложија и утврдија новите членови на Советот на месна Заедница Елшани.

Најпрвин се избра работно тело  во кое  беа предложени  именувани: претседавач, записничар и лице кое ги броеше гласовите  од присутните. Новоизбраниот претседавач, проф. Димче Донески ја отвори изборната седница по упатствата на претставниците од Локалната самоуправа кои го надгледуваа гласањето и изборот на новите членови на Советот на МЗ Елшани. На предлог на претседавачот  беше  прифатено и одлучено  идниот совет да брои 7 члена  кои потоа сами ќе го изберат претседателот на Советот на МЗ.

Предлагањето и гласањето заврши регуларно, а по повеќе предлози  и неприфаќања на  предлозите од страна на предложените, сепак бројката на утврдени предлози беше токму 7 членови, меѓу кои се најде и досегашниот, сега веќе поранешен долгогодишен претседател Крсте Ламбески, а другите шест се: Илија Стојоски, Илија Кордоски, Љубе Кордоски, Петре Матлиоски, Игор Шопоски и Кире Рубаноски.

Изборната седница  заврши со порака:  Новоизбраниот Совет  да соработува секогаш со Локалната Самоуправа и со Институциите на Државата Македонија за   подобро живеење  и за подобрување на живеењето во Елшани.