Пофалби од ФИБА Европа за семинарот за судии и делегати во Охрид

Редовниот годишен семинар за судии и делегати, кој на почетокот на месецов се одржа во Охрид и оваа година имаше меѓународен карактер. Вкупно 120 судии и делегати беа присутни на собирот.

Меѓу другите, инструкторот на ФИБА Европа Даворин Накиќ и познатиот поранешен судија Валентин Лазаров беа во улога на предавачи на Семинарот, кој и оваа година беше поздравен од ФИБА Европа за организацијата и тематиката која беше опфатена.

„Можам да кажам дека семинарот беше многу продуктивен, со голем број на прашања. Добро е да се види присуството на поголем број млади и мотивирани судии, со веќе големо познавање на материјалот“, меѓу другото искоментира Накиќ за официјалната интернет-страница на ФИБА Европа.