Свечено одбележан патрониот празник на ОУТУ „Ванчо Питошески“

На пригоден начин, со свечена програма во просториите на општинското угостителско-туристичко училиште „Ванчо Питошески“ вчера беше одбележан патрониот празник на училиштето.

Во насока на издигнување на хуманите вредности, а во рамките на патрониот празник учениците се вклучија во одбележувањето на „Неделата на борба против гладта“ поддржана од Локалната самоуправа.

Училиштето се вклучи со донирање на пакети со храна за учениците од училиштето „Ванчо Питошески“ кои припаѓаат на социјално ранливата категорија. Хуманите активности под мотото „Да подадеме рака“ ќе продолжат во текот на целата учебна година.

Истиот ден беше приреден свечен прием на кој присуствуваа вработените во училиштето, родители на учениците, претставници од локалната самоуправа, основните и средните училишта во градот, Државниот просветен инспекторат, Бирото за развој на образованието и други институции.

Беа изложени и дел од активностите на учениците од проектот „Еко училиште“ и проектот „Безбедни училишта“.

Активностите продолжуваат и денес кога се одржува финалето на турнирот во мал фудбал, кој се одржува меѓу учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“.