ВМРО-НП: Нашиот предлог проект беше упатен до Локалната самоуправа и до градоначалникот Бакрачески

По реакцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, во врска со предлог-проектот за енергетска независност на општина Охрид, ВМРО – Народна партија реагира на дописот на ВМРО-ДПМНЕ:

„По којзнае кој пат, повторно движењето ДПМНЕ се јави неповикано. Која е причината и целта за тоа, знаат само тие. Сосема ја разбираме нервозата во крилото ВМРО–ЈНА кое е во заминување, но жалиме што не можат да ги разберат нашите зборови.

Нашиот предлог проект беше упатен до Локалната самоуправа и до градоначалникот Бакрачески. Сметаме дека градоначалникот и интелектуалците во ДПМНЕ, кои за жал се во сенка и оттргнати од движењето, сериозно ќе пристапат кон овој проект кој е за доброто на сите граѓани. Не ни сакаме квазиинтелектуалците од „крилото во заминување“ да имаат било каков пристап кон овој проект на ВМРО – Народна партија.

На крај, како следбеници на изворната идеја на ВМРО, сметаме дека доколку Тодор Александров беше жив, не би посакал да биде дел од ова движење знаејќи кои луѓе го водат огранокот во Охрид.“ – стои во реакцијата од ОК на ВМРО – Народна партија Охрид.