Спасов: Лиценцирањето за сите вработени во градинките ќе биде бесплатно

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов упати порака до сите воспитувачки,негувателки, вработени во градинките воопшто да не се грижат како ќе се одвива процесот околу лиценцирање.Лиценцирањето за сите вработени во градинките ќе биде бесплатно,што значи негувателките,воспитувачките и сите вработени во градинките нема да плаќаат за издавање на лиценца.

„Дополнително ние како Министерство за труд и социјална политика, согласно новиот закон за заштита на децата што беше донесен на почетокот на оваа година имаме обврска да го спроведеме процесот на лиценцирање на сите вработени во детските градинки“, – изјави Спасов.

Спасов нагласи дека согласно законот, формирана е и Комисија за лиценцирање, која изработи програма која е премногу широка и опфатна и во која што се наведени голем број прашања и литература.

„Од таа програма комисијата дополнително за испитите за негувателки, воспитувачки ќе произлезат со поедноставни прашања, со пократка литература, со брошура која што ќе им помогне да го совладаат полесно материјалот и воопшто да не се грижат дали ќе го завршат процесот на лиценцирање. Јас од комисијата за лиценцирање барав да се врши и регионално полагање на испитите за лиценцирање на сите вработени во градинките,па така да и во Охрид ќе се реализира полагање, со цел сите вработени да се здобијат со лиценци во градинките, се со цел вработените да имаат помалку трошоци, односно да не патуваат до Скопје за да го полагаат стручниот испит“, – додаде Спасов.

И директорката на ЈОУДГ Јасна Ристеска, Розе Костеска рече дека нема простор за паника кај вработените во оваа установа.

„Станува збор за искусни луѓе кои што работат веќе со деца, ја познаваат воспитно образовната работа, ја познаваат теоријата,бидејќи завршиле соодветно образование, мислам дека нема потреба да се грижат и да плашат од прашањата“, – истакна Костеска.

GradinkaVelgosti11

Целиот процес на лиценцирање треба да заврши кон крајот на јули 2014.

WebOhrid