Акција за собирање на отпадно масло од домаќинствата

Секторот за урбанизам и заштита на животната средина при Општина Охрид од декември 2012г отпочна со реализација на „Пилот проектот за собирање на отпадно масло од домаќинствата“, со цел употребеното масло да не се фрла заедно со другиот комунален отпад и со него да не се загадува животната средина. Собирањето на отпадното масло на територијата на Општина Охрид го врши овластената фирма СУНИЛЕНС која од МЖСПП има дозвола за собирање, складирање и третман на овој вид отпад. 

За таа цел Општина Охрид на 13.12.2012г. на околу 100 домаќинства им подели по една пластична канта од по 3 литри.

Се молат домаќинствата кои ги добија овие канти и имаат собрано отпадно масло од приготвување на храна, без разлика дали е кантата полна или полупразна на 30.10.2013г. (среда) од 12 до 15 часот да ги донесат истите на полигонот за мали спортови кај ресторанот „Европа“  на ул. „Партизанска“, за да ги заменат со празни. 

Доколку има и други заинтересирани домаќинства за собирање на отпадното масло, истиот ден, Општина Охрид на локацијата и терминот што се погоре спомнати ќе подели канти.

OtpadnoMaslo2