Силни ветрови ги погодија Велс и Англија

Силни ветрови со ураганска моќ синоќа и рано утрово ги зафатија јужните делови од Велс и Англија, при што во застој се авионскиот, железничкиот и поморскиот сообраќај.

Агенцијата за патишта, која управува со патната мрежа во Британија, соопшти дека поради силните ветрови затворени се патните правци на југ, помеѓу Велс и Англија.

Метеоролозите најавуваат силни ветрови проследени со дожд во источните и југоисточните делови на Британија.