Литургија по повод празникот Св.Прохор Пчински и пренесување на моштите на Св.Јован Рилски

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре, 1 ноември (петок), во манастирот Св. Климент и Пантелејмон Плаошник – Охрид, ќе се служи света литургија, по повод празникот Св. Прохор Пчински и пренесување на моштите на Св. Јован Рилски, со почеток во 8:45 часот.

По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.