Согласно Законот за животна средина и Уредбата за инсталациите кои подлежат на обврската за поседување на Б-интегрирана еколошка дозвола, Општина Дебарца ја издаде третата Б-интегрирана еколошка дозвола, односно Б-Дозвола за усогласување со оперативен план на живинарската фарма „Бастум“ од с.Мешеишта.
Дозволата ја обврзува инсталацијата да ги намали емисиите на штетни материи во сите медиуми на животната средина и предвидува мониторинг на емисиите на штетни материи, во смисла на интегрирано спречување и контрола на загадувањето.
ОПШТИНА ДЕБАРЦА
Градоначалникот на Општина Дебарца
ОБЈАВУВА
Издавање на Б-интегрирана еколошка дозвола за усогласување со оперативен план
Согласно член 134 став 1 и член 135 од Законот за животна средина (Сл. весник на РМ бр. 53/05, 81/05 , 24/07,159/08,83/09,48/10,124/10,51/11 и 123/12) Градоначалникот на Општина Дебарца ја издаде Б- Дозволата за усогласување со оперативен план (бр. 09 – 99)
Носител на дозволата:
БАСТУМ ДООЕЛ Охрид Живинарска фарма с.Мешеишта
Адреса на седиштето:
Седиште на компанијата ул.АРМ бр.106 , Охрид
Локација на инсталацијата с. Мешеишта Општина Дебарца
Координати на локацијата:
41°14´22,55´´N 20°46´ 14,03´´E
Контакт лице:
Мирјана Крцкоски- Управител
Тел. 075 425037
Седиште на компанијата:
ул.АРМ бр.106, Охрид
Локација на инсталацијата:
с.Мешеишта , Општина Дебарца
Категорија на инсталацијата:
6.6. Инсталации за интензивно живинарство или свињарство со капацитет од:
(а) 5.000 до 40.000 места за живина
Вид на активност:
Тов на бројлери
Дозволата во печатена форма ќе биде достапна во просториите на Општина Охрид, Сектор за урбанизам и заштита на животна средина соба бр.54.
ГРАДОНАЧАЛНИК
Игор Трајкоски