Заврши реконструкцијата на улицата „Крум Точко“

Улицата „Крум Точко“ е целосно реконструирана и подготвена за употреба. Во реконструкцијата беше опфатена водоводната мрежа во должина од 319 m, поставување на атмосферска канализација во должина од 230 m и асфалтирање на улицата во должина од 1940 м.

Улицата „Крум Точко“ се наоѓаше во слична ситуација како и улицата „Петрино“ пред нејзиното реконструирање, односно без реконструирана водоводна мрежа и атмосферска канализација. Во изминативе неколку месеци беа изведени инфраструктурни работи со помош на ЈП „Нискоградба“ и ЈП „ПРОАКВА“  за  денес да добиеме целосно инфраструктурно реконструирана улица, според стандарди кои го налагаат уредувањето на улици во урбаниот дел на општината.

Со завршувањето на целосната реконструкција на улицата „Крум Точко“ завршува годинешниот план кој претходно беше предвиден од Секторот за комунален развој и сообраќај и од наредната година се отпочнува со интензивно асфалтирање на голем број улици во градот и во околните населени места, со динамика предвидена во програмите и плановите на општина Охрид за 2014 година.

Krum_Tocko_final_4853 Krum_Tocko_final_4852 Krum_Tocko_final_4851