Утре ќе се одржи информативна средба на тема „Претприемништвото како фактор за локален економски развој“

Општина Охрид во соработка со Бизнис старт ап центарот – УСАИД и Агенцијата за вработување организираат информативна средба на тема „Претприемништвото како фактор за локален економски развој“.

Целта на ваквата средба е младите да се запознаат со можностите и поволностите за започнување на сопствен бизнис со цел нивно запознавање, охрабрување и постепено вклучување на пазарот на трудот.

Средбата ќе се одржи утре (четврток), со почеток во 10:00 часот во просториите на Секторот за туризам и локален економски развој.