Јавна презентација по извештаи за стратегиска оцена на животната средина

Врз основа на став 11 од член 24 и член 50 и 50 б од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл.весник на РМ“ бр.51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12 и 55/13), став 1 од член 69 од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ“ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/2009, 124/2010, 51/2011, 123/12,) како и член 3 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти, како и програми од областа на животната средина („Сл.весник на РМ“ бр.147/08 и 147/11), Министерот на Министерството за транспорт и врски организира

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ПО

ИЗВЕШТАИ ЗА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА:

  • Урбанистичко планска документација за Автокамп „Андон Дуков“ КО Охрид, општина Охрид;
  • Урбанистичко планска документација за Автокамп „Елешец“ КО Пештани, општина Охрид
  • Урбанистичко планска документација за Автокамп „Градиште“КО Пештани, општина Охрид ;

Јавната презентација на Извештаите за стратегиска оцена на животната средина ќе се одржи во просториите на општина Охрид, на ден 02.12.2013 година во 15:00 часот.

Извештаите за стратегиска оцена на животната средина се ставени на јавен увид на web страната на Министерството за транспорт и врски(www.mtc.gov.mk).

Заинтересираните граѓани и правни лица можат да учествуваат во Јавната презентација, а во времетраење од 30 дена по објавување на Извештаите  за стратегиска оцена на web страната на Министерството за транспорт и врски ќе можат да ги дадат своите забелешки, предлози и мислења.

Сите забелешки засегнатата јавност може да ги доставува по електронски пат или по пошта до Министерството за транспорт и врски. 

Министер за транспорт и врски  

Миле Јанакиески