Комуналец подготвен за работа во зимски услови

Екипите на Ј.П. „Охридски Комуналец“ деновиве ги интензивираа подготовките за подобро функционирање на сите свои служби во зимски услови.

Согласно најавите од Управата за хидрометеоролошки работи за снежни врнежи, екипирани се дежурните служби кои се на располагање 24 часа, дефинирани се приоритетните улици и подрачја на делување, дефинирана е специјалната механизација и абразивни средства.

Во стариот дел од градот, поради специфичноста на теренот, пристапните патеки и степенеци ќе се чистат рачно, па од тие причини на повеќе пунктови се депонирани 50 вреќи сол. Обезбедени се доволни количини за расчистување на јавно-прометните површини на целата територија на општина Охрид.