Поради постоење основи на сомнение дека ги сториле кривичните дела „Лихварство“, „Грабнување“, „Предизвикување општа опасност“ и „Недозволено изработување,држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, полициската станица од Струга, против Б.К.(48) и неговите синови У.К.(25), А.К.(21) и Ј.К.(19) сите од струшкото село Велешта поднесе кривична пријава. Истражен судија, на Б.К. и У.К. им одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
На 28-ми минатиот месец во телефонски разговор, пријавениот Б.К. од лицето А.Г. (39) од Струга побарал да му исплати паричен долг од 8000,оо евра притоа упатувајќи му сериозни закани кон него и неговото семејство. Откако добил одговор дека паричниот долг изнесува 3000,оо евра, сега притворениот Б.К. околу 17 часот по претходен договор со неговите синови отишле во домот на А.Г. на улицата „Маршал Тито“ во Струга, каде физички ги нападнале неговите родители Ф.Г.(64) и А.Г.(58)барајќи им пари.
Пријавените, потоа се обиделе во нивните патнички моторни возила насилно да ги внесат двајцата сопружници но поради нивното спротивставување не успеале во намерата. Со цел да ги заплашат, пријавените Б.К. и У.К. извадиле пиштоли што нелегално ги поседувале и испукале повеќе куршуми.
Во месец Февруари оваа година, пријавениот Б.К. и оштетениот А.Г. потпишале фиктивни договори за заем на парични средства. Според договорот А.Г. позајмил од Б.К. 15000,оо евра и патничко возило во вредност од 25000,оо евра за што му исплаќал незаконита камата (лихва) во износ од 800,оо евра месечно. Исплатата траела се до месец Јуни оваа година кога оштетениот А.Г. на пријавениот Б.К. му исплатил 5500,оо евра. Во Октомври во две одвоени средби, на Б.К. му биле исплатени по 10000,оо евра а подоцна и патничко возило марка „БМВ“ во вредност од 12000,оо евра.
Инаку, сега притворениот Б.К. е лице познат на службата против кого и досега, по разни основи биле поднесувани кривични пријави.