Од ноќеска на полноќ на бензинските пумпи низ земјава ќе се точи поскапо гориво и тоа за 1,5 денари. Вака одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика. Еден литар Еуросупер БС-95 ќе чини 78 денари, цената на Еуросупер БС-98 ќе биде 80 денари, а цената на дизелот се зголемува за 1,5 денари и ќе чини 70 денари.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за два денари за литар и ќе чини 59 денари. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,289 денари за килограм и ќе изнесува 41,092 денари за килограм.