Одбележан Денот на превентивното полициско работење од страна на СВР Охрид

По повод 9-ти декември – Денот на превенцијата и превентивното полициско работење, СВР Охрид денеска одржа свечена прес-конференција. Во рамките на одбележувањето на Денот на превенцијата, пригодни обраќања имаа началникот на СВР Охрид Зоран Сарафилоски и портпаролот на СВР Охрид м-р Стефан Димоски. 

„Овие одделенија на површина ги изнесоа целосната оформеноста на полицијата, нејзината ориентираност кон превентивно работење и кон концептот на работа на полицијата со заедницата. Во 2002 година беа формирани првите советодавни групи на граѓани, каде граѓаните за прв пат можеа слободно да го изразат своето мислење за безбедносните проблеми во заедницата, да предложат идеи и начини за нивно надминување, решавање, како и да добијат соодветни одговори од страна на компетентни претставници на полицијата“, – истакна началникот Сарафилоски.

Превентивната функција е новиот лик и новиот имиџ на полицијата во демократските општествени заедници и претставува  врв на полициските приоритети. 

„Во основата на превентивното работење лежи потребата од дијалог на полициските службеници и граѓаните, со цел лоцирање и иден- тификување на безбедносните проблеми во локалната заедница и изградба на заеднички (тимски) ефикасен систем за заштита од криминалот. Истовремено тоа е обид за градење на партнерство (пријателство) со граѓаните во решавањето на локалните безбедносни проблеми и изнаоѓање на најдобри решенија со кои ќе се намали стапката на криминалитетот, ќе се спречат штетните последици по граѓаните и општеството, а воедно ќе се подобри целокупната безбедносна состојба. Концептот на превентивната полициска работа претпочита спро- ведување на законот врз база на проекти и програми за соработка на полицијата со граѓаните и нивна практична имплементација. Во своето проактивно полициско работење, СВР Охрид во соработка со мисијата на ОБСЕ во Република Македонија, реализира повеќе проектни активности со кои докажавме дека во борбата за спречување и сузбивање на кривичните дела, применуваме современи, рационални и ефикасни превентивни мерки и градиме демократски полициски систем“, – истакна портпаролот на охридската полиција м-р Стефан Димоски.

Димоски потсети на дел од низата проекти што СВР Охрид и мисијата на ОБСЕ ги реализираа годинава: проект „Велосипедска полиција“, Проект „Превенција од кражби на плажа, од моторни возила, на паричници“, потоа „Зајакнување на капацитетот на полицијата и примена на концептот на работа со заедницата, Проект за безбедност во училиштата, Проект за безбедност на вода спроведен со езерската полиција, охридската капетанија и Црвениот крст.

„Гледајќи напред, настојуваме да го усовршуваме и надоградуваме, системски, плански и ефективно да го осмислуваме натамошното превентивното делување на СВР Охрид. На тој начин целосно и вистински ќе ги штитиме граѓаните, нивните права, слободи и нивната безбедност. Така ќе ја бараме целосната граѓанска доверба и почит“, – додаде Димоски.

Пред објектот на СВР Охрид, на јарбол беше подигнато  полициско знаме од отсекот за превенција.