Со гала вечера подготвена од студентите на Факултетот за туризам и угостителство завршија манифестациите по повод Св.Климент

Со гала вечера, чиј домаќин беше Градоначалникот Никола Бакрачески, на која присуствуваа официјалните делегации и гости на Охрид, завршија тродневните манифестации во чест на Св.Климент Охридски-Заштитникот на градот.

Во една несекојдневно пријатна атмосфера во ресторанот на ОСУ „Ванчо Питошески“, со изменет ентериер прилагоден на високите норми за организирање на ваков вид настани, осмислен и реализиран од Агенцијата ИНПАКТ ГРУП од Охрид, со строго утврден протокол, вечерата беше подготвена од студентите на Факултетот за туризам и угостителство од Охрид под менторство на проф.Ангела Василевска. Максимално професионално, студентите ги покажаа своите мајсторски вештини во подготовката и сервирање на вечерното мени, запазувајќи ги највисоките светски гастрономски стандарди.

На ваков начин и во иднина општина Охрид ќе врши промоција на активностите на образовните институции од градот, давајќи им можност за покажување на нивните стекнати вештини.

Gala_vecera_4852 Gala_vecera_4854 Gala_vecera_4851