Зелените и црвените пиперки со најголем пораст на цените на зелените пазари

Според податоците на Државниот завод за статистика, најголем пораст на најчестите цени на земјоделските производи на зелените пазари во ноември 2013, во споредба со истиот месец од 2012 година, се забележува кај зелените пиперки и црвените пиперки. Најголемо намалување на цените е забележано кај лимоните и бананите. 

Најголемо зголемување на најчестите цени на земјоделските производи на пазарите на големо во ноември 2013, во споредба со истиот месец од 2012 година, се забележува кај кромидот и лукот. Најголемо намалување се забележува кај морковот и бананите.