Од ноќеска на полноќ, на бензинските пумпи Еуросупер БС-98 ќе се точи поевтино за половина денар, додека цените на дизелот и Еуросупер БС-95 остануваат непроменети. Вака одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Цената на Еуросупер БС 98 ќе изнесува 79,50 денари, додека цените на Еуросупер БС-95 останува 78 денари, а дизелот ќе се продава за 70 денари за литар. Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 59 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,359 денари за килограм и ќе изнесува 40,733 денари за килограм.