Градоначалникот Никола Бакрачески заедно со претставници на македонското Министерство за животна средина и просторно планирање, утре во Љубљана Република Словенија ќе има работна посета во словенечкото Министерството за финансии.
Целта на работната средба ќе биде обезбедување поддршка за проектите за заштита на Охридското Езеро кои ќе бидат кофинансирани од словенечката Влада. Акцентот ќе биде ставен на проектите за прочистителната станица во село Трпејца како и реконструкција и адаптација на колекторскиот систем од Охрид до Пештани.
На работната средба во Словенија, ќе биде разговарано и за други прашања од сферата на заштитата на Охридското Езеро и човековата околина.