Антарктикот богат со дијаманти

На Антарктикот е пронајдена карпа која во себе често содржи дијаманти, соопштија научниците кои ги истражуваат минералните богатства на ледениот континент.

Тим од австралиски истражувачи истакнува дека во источниот дел од Антарктикот откриен е кимберлит, ретка магматска карпа која го добила името по јужноафриканската област Кимберли, од каде за прв пат биле експлоатирани дијаманти. Моментално, при геолошките истражувања не се пронајдени дијаманти.

Кимберлитот, досега е пронајден на сите континенти. Претходно на Антарктикот се пронајдени повеќе минерали, вклучувајќи платина, злато, бакар, железо и јаглен.