Согласно преземените активности за настап на пазари надвор од Република Македонија деновиве АД ЕМО потпиша договори за изработка и испорака на електроопрема на пазарот во Република Србија.
„Договорите се однесувааат за изработка и испорака на дистрибутивни трансформатори за Електродистрибуција Београд во износ од 1.780.000,00 еур. и договор за изработка и испорака на расклопни апарати за Електропривреда на Република Србија во износ од 550.000,00 еур.
Со потпишувањето на овие договори се реализираат претходно преземените активности за извоз на електроопрема, и се очекува во 2014 година да се реализираат и други договори за кои во моментот се водат преговори.
Потпишувањето на овие договори е резултат на задржаниот квалитете на ЕМО-вите производи и сигурноста за благовремено завршување на потпишаните договори која ЕМО ја докажа со реализација на претходни договори.
Ова е уште еден доказ дека ЕМО и ЕМО-вите производи се ценети на пазарот за електропрема“. – се вели во соопштението од Зоран Филоски, Генерален директор на АД ЕМО Охрид.