Пијани Германци пронајдени мртви во сауна

Германскиот Суд соопшти дека тројцата Германци, кои пред две недели беа пронајдени мртви во сауна, за време на несреќата биле пијани, бидејќи претходно присуствувале на забава.

Тројцата работници од металната индустрија, на возраст помеѓу 36 и 48 години, беа пронајдени мртви на 8-ми декември.

Обвинителството наведува дека истрагата покажала дека нивото на алкохол во крвта било 4 пати поголемо од законските граници. Најверојатно, најпрво тие се онесвестиле во сауната, а подоцна починале од срцев удар.