ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот за 2013 година беше предимензиониран уште во неговата подготовка од страна на СДСМ и нивниот градоначалник

Во врска со соопштението на ОО на СДСМ Охрид, со реакција излезе ОК на ВМРО-ДПМНЕ во која стои:

„СДСМ го задолжи Охрид со над 50 милиони евра долг кој со генерации треба да се враќа преку Буџетот на општината. Поради недомаќинска работа сите јавни претпријатија се гушат во долгови од кои со години нема да можат да се опорават. Тие водеа нереална буџетска политика од која последици трпиме до ден денес, а веројатно и во иднина.

 Буџетот за 2013 година беше предимензиониран уште во неговата подготовка од страна на СДСМ и нивниот Градоначалник во декември 2012 година. Целта на СДСМ беше предизборна манипулација со граѓаните на Охрид. Нереалноста на буџетот беше евидентирана неколку месеци потоа по доаѓање на позиција на ВМРО-ДПМНЕ и тој беше сведен во реални  рамки. Истата политика ВМРО-ДПМНЕ ја има и во однос на административната реформа која мора да се спроведе заради предимензионирањето на општинската администрација над сите европски стандарди, заради што Охрид е доведен до колапс во функционирањето.

СДСМ злосторството кое го изврши врз Охрид се обидува да го прикрие со памфлети, а вистината бара тие да одговорат: Според  кој тоа буџет вршеа  вработувањата  во Локалната самоуправа и јавните општински претпријатија и со која потреба и позиции? Каде се употребени средствата од 4 буџети од 2009-2013 година ако се знае дека во Општината нема капитални инвестиции, ниту има изработени студии и програми? Каде се парите за најавената Студија за сообраќаен режим во Охрид која сегашниот Претседател општинската организација на СДСМ 4 години ја најавуваше и предвидуваше во Буџетот? Како ли беше користен Буџетот и средствата на граѓаните за да се создадат огромни долгови и трошоци за кафеани и патувања без никаков ефект?

Токму заради овие лукративни потреби на СДСМ Буџетите на СДСМ беа нереални, потрошени без ниедно дело во Охрид, а оставени огромни долгови.

ВМРО-ДПМНЕ таа слика ја менува и сигурно тоа е фактот што СДСМ не може да го издржи и ја замара јавноста со соопштенија.“ – стои во реакцијата од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.