ЛДП е сериозно загрижена од постојаниот популизам на Општина Охрид

„ЛДП е сериозно загрижена од постојаниот популизам на Општина Охрид. Имено, заради неможноста да ги добијат финансиските инекции кои ги ветуваше Владата во предизборието за Охрид, новата власт посегна по задолжување кое, реално повеќе е симболично отколку нешто што би ги решило натрупаните финансиски проблеми. 

 Од спин – службата деновиве постојано слушаме за задолжувањето кај Светска Банка. За жал, станува збор за два милиони евра,  износ кој може од банките во Македонија да ги добие една солвента приватна компанија со добар бизнис план.  Да бидеме јасни, ЛДП не ја миноризира вредноста на овие средства, но граѓаните мора да знаат дека  повторно ни се случува познатата: „Се тресела гората се родил глушец“. 

 ЛДП знае дека сите реакции кои ќе ги има ДПМНЕ  на ова соопштение се предвидени, (стари долгови, лични дикредитации, итн.), но потенцираме дека доколку имаат желба  одговорот да го побараат кај Светска Банка, која не е политичка партија на која може да и пратат контра- реакција. Доколку се добиваше кредит со спин текстови  место со проекти,  Охрид оддамна  ќе беше најбогатиот град на светот.

 ЛДП го прашува Секретарот од Општина Охрид,  какви проекти презентираа во Светка Банка со кои се добија средства, односно износ кој може да го добие секоја добра приватна компанија од банките во Македонија?“ – стои во соопштението од ЛДП Охрид.