Вратена довербата кај потрошувачите на Р.Е. Водовод

Секојдневната ангажираност и посветеност на Р.Е. Водовод Охрид како јавен сервис во службата на граѓаните вроди со плод и враќање на довербата на потрошувачите.

Корисникот на комуналните услуги е најважен и сите сектори, делови, елементи, ресурси се здружени со цел да се исполнат неговите барања за услугите кои ги нудиме.

Зголемените активности на полето на наплатата резултираа со зголемување на процентот на овогодишната наплата за 21,31% во споредба со лани , ќе се продолжат да се применуваат и на полето на фактурирање и контрола на работењето во оваа 2014 година.

Натамошниот принцип на работа со дефинирани правилници, процедури за работа т.е со јасни права и обврски на вработените во наплатната служба засновано на искуство и анализи на работењето во затекнатите услови на недостаток на пишани задолженија и процедури од изминатиот период ќе продолжи и во 2014 година.

Менаџментот на Р.Е Водовод Охрид во рамките на комплементарните мерки воведува пишани правила за начинот на работењето на наплатните служби за подобрување на фактурирањето и наплатата во Р.Е Водовод Охрид.

Сите Правила и Наредби кои се донесени во изминатите 6 месеци по служби ќе бидат сублимирани во целосен Правилник за работа на наплатната служба. 

Изразуваме благодарност до општинските органи кои на помош ни ги дадоа комуналните инспектори во поглед на решавање на прашањето со дивоприклучените потрошувачи кои веќе еднаш беа исклучени од системот за водоснабдување на Р.Е Водовод Охрид.

Оваа помош и соработка ја продлжуваме и во иднина. Кон Крајот на Септември е формирано одделение за спорна наплата кое за кратко време ги оправда нашите очекувања како во поглед на ефикасноста на наплатата и во поглед на контролирање и ажурирање на податоците.

Вистинските резултати се очекуваат во 2014 година.

Им ги честитаме претстојните христијански празници на сите граѓани на Охрид и им благодариме на соработката.

Р.Е. Водовод Охрид