Елшанци – верни на традицијата

Елшанци се единствените во Македонија кои, не синоќа на 5 јануари, туку вечерва, токму на Бадник спроти Раѓањето Христово, го палат коледарскиот оган, а утре најрано – од темни зори- тргнуваат стотина елшански коледарчиња со коледарска песна по сите елшански домови.

Kоледаааа, Коледаааааааа! Коледа, баба, Коледа, месила баба два леба, едниот киснат, прекиснат, другиот печен, препечен: СУРВА ГОДИНАААААААА!!!

WebOhrid