Претседателот Иванов на божиќна литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, заедно со неговата сопруга, г-ѓа Маја Иванова, денеска присуствуваа на божиќната литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски” во Скопје, со која чиноначалствуваше архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан.

На централното одбележување на Божиќ во Соборниот храм во Скопје присуствуваа и претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски и претседателот на Владата, м-р Никола Груевски.

„Сакам на сите православни христијани да им го честитам овој голем празник Рождество Христово-Божиќ и да си посакаме на сите многу здравје, радост, среќа, но и многу просперитет на секој поединец и на целата наша татковина. Овие празници се момент кога посакуваме се најубаво и оваа сплотеност што ја имаме за време на празниците да ја имаме во текот на целата година, да си помагаме меѓу себе, да бидеме солидарни. Секој кој има потреба од помош да му помогнеме и на секого да му посветиме внимание. Христос се роди, навистина се роди, за многу години”, – рече претседателот Иванов.

На бадниковата вечер во домот на претседателот Иванов, паричката се падна кај Господ.