Гром усмрти три лица на плажа во Аргентина

Три лица загинаа, а 15 се повредени при удар на гром на една плажа во Аргентина, јужно од Буенос Аирес.

Претходно, плажата била полна со луѓе, а повеќето од нив си заминале поради влошување на времето. Меѓу настраданите се една жена и двајца мажи. По несреќата, во болница се префрлени 15 лица, кои претрпеле најразлични повреди.