ТВ Морис вклучена во меѓународниот проект „Патот на мирот“

 Патиштата на мирот се својствени за професорот Винченцо Бјанки, познат скулптор и уметник, голем љубител на Македонија и Охрид. Повлечен од воените злосторства, првенствено од Втората Светска војна, Винченцо постанува поборник на мирот помеѓу сите народи во светот. Под задкрило на идејата ВЕТЕР НА МИРОТ, ја продолжува мисијата насловена како ПАТОТ НА МИРОТ, која стартува од огласената ЛИНИЈА ГУСТАВ во Италија, преку Македонија и Блискиот Исток, до Дубаи. За таа намена вклучена е и Телевизија Морис со задача да ја следи мировната мисија на Великанот, каде преку филмските записи од Линијата Густав, ќе ги следи мировните потфати кои ќе треба да се презентираат се до Дубаи, преку Единствената Академија за мир во Светот. Програмата на ТВ Морис како дел од ПАТОТ НА МИРОТ, се очекува да биде следена од преку 120 милиони телевизиски гледачи преку прес центарот на Улицата на мирот долга 3 километри во Дубаи, како и преку Телевизија Дубаи. За таа намена, екипа на ТВ Морис го стартуваше мировниот проект со присуство на Линијата Густав која е обележана од Јадранското до Средоземното море, на која за време на втората светска војна однесе најмалку 350 илјади жртви.

„Јас сум благодарен на Македонската телевизиска екипа за учеството на оваа конвенција, екипа која направи филмови за Музејот на војната во Скаполи и за мировните музеи на Маестро Винченцо. Снимениот материјал од овие градови и месности ќе бидат емитувани во повеќе земји, како и во мировниот центар во Дубаи“, изјави Професор Пјетро Капелоне, директор на конвенцијата за мир.

„Во име на Македонската телевизија Морис, сакам да ви се заблагодарам што ни ги презентиравте вистините за овој регион“, – изјави членот на екипата на ТВ Морис Снежана Липковска – Бјанка.