Екипи на ЈПК Дебрца работат на отстранување на дефектот на водоводната мрежа кај Оровник

Поради дефект на водоводната мрежа, во текот на вчерашниот ден имаше прекин на водоснабдувањето во одредени делови од општината кај село Оровник, со што жителите и фирмите на тоа подрачје немаа вода за пиење.

Екипите работат на отстранување на дефектот, и во најкратко време состојбата ќе се нормализира, информираат од ЈПК Дебрца.