Денес градоначалникот на Охрид ,Никола Бакрачески кој заедно со бизнисменот Сашо Симески се кумовите на Богојавление – Водици, ги повика сите граѓани од Република Македонија, да присуствуваат во недела на градското пристаниште и да го проследат свечениот чин на фрлање на Чесниот Крст во водите на Охридското Езеро.
„Ја користам оваа прилика во мое лично име и во име на господинот Сашо Симески како годинешни кумови на празникот Богојавление – Водици да ги поканам сите граѓани на Република Македонија што помасовно да дојдат да го посетат балканскиот Ерусалим, Охрид. Оваа година ќе биде се подготвено за одбележување на овој навистина голем празник, можеби најголем за охриѓани на кој што очекуваме рекорден број на посетители не само од Република Македонија туку и од другите странски држави. Се надеваме дека посетителите ќе имаат можност да ги споделат сите верски и традиционални обичаи и сите морални и етички вредности што граѓаните на Охрид и кумовите на Богојавление – Водици ќе им ги пружат по повод одбележувањето на овие празници“, рече градоначалникот Бакрачески.
Инаку од Здружението за афирмација на Македонската Православна Црква очекуваат над 1000 капачи кои ќе го бараат светиот крст. Годинава покрај охриѓани во водите ќе бидат и жители од повеќе македонски градови,но и Срби, Полјаци, Шпанци, Португалци и останати држави.