Црвен крст Охрид со препораки до капачите при влегување во водите на Охридското Езеро

Неодамна извршените градежни зафати-раскопување на езерското дно во градското пристаниште, предизвикаа појава на нерамнини и поголеми длабнатини во дното, кои претставуваат потенцијална опасност за учесниците-капачи кои ќе скокаат по светиот крст. 

За да не дојде до несакани ситуации и повредувања на капачите, во продолжение ги посочуваме местата кои претставуваат потенцијална опасност за капачите и повикуваме на исклучителна претпазливост и внимателност при влегување во водите на Охридското езеро во внатрешноста на Градското пристаниште со напомена да се следат и почитуваат долунаведените препораки.

ПРЕПОРАКИ ДО КАПАЧИТЕ

ПРИ ВЛЕГУВАЊЕ ВО ВОДИТЕ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО,

ВО ВНАТРЕШНОСТА НА ГРАДСКОТО ПРИСТАНИШТЕ

1. ВЛЕГУВАЈТЕ И ИЗЛЕГУВАЈТЕ ОД ВОДА ИСКЛУЧИВО ПО ОБЕЛЕЖАНАТА ПАТЕКА ЗА ВЛЕЗ/ИЗЛЕЗ И ДВИЖЕЊЕ ВО ВОДАТА – ПАТЕКА ПОМЕЃУ ЖОЛТИТЕ ЛИНИИ (СТАЗИ)

2. НЕ ПРЕМИНУВАЈТЕ ПРЕКУ ОБЕЛЕЖЕНИТЕ ЖОЛТИ ЛИНИИ (СТАЗИ)

3. ВОДЕНИТЕ ПОВРШИНИ ОГРАДЕНИ СО ЖОЛТИ ЛИНИИ (СТАЗИ) – ЛЕВО И ДЕСНО ОД СПУСТОТ-ВОДЕН ВЛЕЗ ВО ПРИСТАНИШТЕТО И ИСТАКНАТИТЕ ЦРВЕНИ ЗНАМИЊА НА БЕЛИТЕ СТИРОПОР БОВИ (Т-МОБИЛЕ), УКАЖУВААТ НА ОПАСНОСТ ОД ГОЛЕМИ ДЛАБНАТИНИ (ДЛАБИНА ПОВЕЌЕ ОД 3м.)

4. ЦРВЕНИТЕ ЗНАМИЊА НА ПЛАВИТЕ СТИРОПОР БОВИ УКАЖУВААТ НА ОПАСНОСТ ОД ДРВЕНИ КОЛЦИ НА ДНОТО ОД ЕЗЕРОТО ВЕДНАШ ПО ПРЕМИНУВАЊЕ НА ЗАМИСЛЕНАТА ЛИНИЈА ПОМЕЃУ ОВИЕ ДВЕ БОВИ  

 Остануваат да важат и општите препораки до капачите („скокачи по крстот“):

– да извршат основни, превентивни здравствени прегледи (18.01.2014-сабота, од 19-23 ч. – пункт на Црвен крст Охрид на Градското пристаниште)

– да не влегуваат во вода ако чувствуваат слабост или имаат здравствен проблем (ако влегуваат, во вода да се задржуваат многу кратко-до 1 мин.)

– пожелно е користење на обувки при влегување во вода

– да не козумираат алкохол доколку планираат да влегуваат во водите на Охридското езеро и вршат физичка активност („скокање по крстот“)

Температурата на водата во Охридското езеро кај Градското пристаниште е 11°C