Денешната прослава на празникот Богојавление- Водици, помина без нити еден проблем од безбедносен аспект, информираат од СВР Охрид.
„Во СВР Охрид, за време на прославувањето на верскиот празник не е пријавено нити едно нарушување нa јавниот ред и мир. Не е регистрирана нити една кражба и не е случено нити една сообраќајна незгода“. – информира портпаролот на СВР Охрид, м-р Стефан Димоски.