Шапкароски Игор е среќниот фаќач на светиот крст во Велгошти

Денеска во Велгошти на празникот Водици се собраа голем број на верници. За разлика од лани оваа година, чесниот крст беше фрлен во базенот покасно околу 08:30 часот. Базенот е изграден за Водици пред повеќе години.

По чесниот крст во базенот скокнаа голем број на млади Велгоштани. Најсрекен од сите беше младиот Шапкароски Игор -Цапе. Се верува дека оној кој ќе го фати крстот цела година ќе го следи среќа, здравје и благосостојба.

Извор: Velgosti.com