Охрид домаќин на овогодинешниот Куп на Македонија во кошарка

ЈП „Билјанини Извори“ после официјалната одлука на Кошаркарската Федерација на Македонија со особено задоволство ги информира граѓаните на Охрид дека овогодинешниот Куп на Македонија во кошарка ќе се одржи од 6 до 9 февруари во спортската арена „Билјанини Извори“.

Со одлуката на КФМ спортската арена „Билјанини Извори“ и ЈП „Билјанини Извори“ го продолжуваат котинуитетот на домаќини на големи  спортски настани.

„Кошаркарскиот Куп е уште едно признание за менаџментот на претпријатието, се со цел СРЦ „Билјанини Извори“ и градот Охрид да постанат македонски центар на сите големи спортски настани. Одличната соработка со кошаркарската федерација, веруваме во иднина и со другите поголеми федерации, ќе допринесат за што побрз развој на спортот во нашиот град на задоволство на сите нас. Спортот, спортските настани, спортските идоли се сегашност и иднината на Охрид и ние како претпријатие секогаш ќе работиме во интерес на тоа, во интерес на спортистите и сите граѓани на Охрид“. – велат од ЈП „Билјанини Извори“.