Сообраќајот на сите државни патишта во републиката се одвива без забрани, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на сите државни патишта во републиката се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. Слаби врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на Попова Шапка и Стража, но не претставуваат никаков проблем за одвивање на сообраќајот.

АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.