Одземени седум возачки дозволи при синоќешната акциска контрола

Пет лица управувале моторни возила под дејство на алкохол, двајца одбиле алкотестирање, а седум возачи се исклучени од сообраќај по синоќешната акциска контрола на охридската полициска станица за безбедност во патниот сообраќај. По тие основи, сообраќајната полиција одзеде седум возачки дозволи и издаде исто толку платни налози. 

Синоќешната акциска контрола имаше за цел подигнување на безбедноста и заштитата во сообраќајот и доследно почитување на одредбите од законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Вакви и слични акциски контроли и понатака ќе се спроведуваат кон сите учесниците во сообраќајот што ги кршат одредбите од законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. 

Оттука,  од СВР Охрид повикуваат на целосно почитување на сообраќајните правила и прописи и максимален придонес од сите учесници за поголема безбедност и сигурност во сообраќајот.