Со финансиски средства од Каен ќе се заштитува културното наследство во стариот дел од градот

„Изработка на план за интегрирана заштита на старото градско јадро на Охрид“, е проектот со кој Општина Охрид аплицираше и доби средства за негова реализација  во износ од 13 000 евра  од Каен – Долна Нормандија.

Проектот е дел од програмата за децентрализирана соработка меѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија и се реализира преку Асоцијацијата на Агенции за Локална Демократија. Носители на проектните активностите ќе бидат општина Охрид  и општина Каен во соработка со Завод и музеј од Охрид.

Оваа конкретна соработка меѓу Општина Охрид и Општина Каен е резултат на работната посета што неодамна во Долна Нормандија ја оствари делегација на Општина Охрид, предводена од секретарот на општината – Димитар Спасески.