Јакимовски се врати во Србија

По една година помината во Јапонија, македонскиот интернационалец Никола Јакимовски се врати во Србија. Негов нов клуб е Јагодина, кој моментално се наоѓа на третото место, веднаш зад Партизан и Црвена Ѕвезда.

Минатата година, Јакимовски направи трансфер во Јапонија, во тимот на Нагоја Грампус каде тренер беше Драган Стојковиќ – Пикси, додека пак негов помошник беше сегашниот селектор на македонската репрезентација Бошко Ѓуровски. По нивното заминување, Јакимовски реши да се врати од каде што дојде, во Србија, но тогаш играше за Јавор од Ивањица, а сега ќе игра за Јагодина.

WebOhrid