Свети литургии по повод „Св.Атанасиј Велики“ и „Св. апостол Тимотеј“

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре, 31 јануари (петок), во црквата „Свети Атанасиј Велики“, метох на манастирот „Свети Наум Охридски“, ќе се служи света литургија, по повод празникот на „Свети Атанасиј Велики“, со почеток во 8:30 часот.

На 4 февруари (вторник), во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“, Плаошник, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети апостол Тимотеј“, со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овоие празници.