Трансфер на Дејан Блажевски во тимот на Казар Ланкаран во Азербејџан

Македонскиот фудбалер Дејан Блажевски е нов член на фудбалскиот клуб Казар Ланкаран од Азербејџан. Тој потпиша договор со Казар до крајот од следната сезона.

28-годишниот играч од средниот ред, кариерата ја започна во Пелистер, потоа продолжи во Грција во тимовите на Астерас, Вериа и Пиерикос, пред да се врати во Македонија во тимот на Турново.

Дејан Блажевски беше најдобар стрелец во есенскиот дел од сезоната 2013/2014 во Првата македонска фудбалска лига со 19 постигнати голови на 18 натпревари. Исто така, тој е човекот кој во последниот натпревар за Хоризонт Турново на 8-ми декември 2013 постигна хеттрик за победа на Турново од 3:0 против Работнички.

Блажевски има два репрезентативни настапи за Македонија. За тимот на Казар Ланкаран игра уште и нашиот репрезентативец Никола Глигоров.

WebOhrid