На 31.01/01.02.2014 година во времето од 18:00 до 13:00 часот во с.Велешта – Струга, од страна на непознати сторители извршена е тешка кражба во ОУ „Зини Хани“, при што биле одземени 14 монитори за компјутери марка „Хаиер“ и две куќишта од компјутер марка „Хаиер“. Имено, сторителите насилно отвориле еден од прозорците на училницата и влегле внатре, по што ги одзеле компјутерите и мониторите и заминале во непознат правец. Висината на материјалната штета дополнително ќе биде утврдена. Увид на лице место извршила увидна екипа од Полициската станица – Струга и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.